Министерот за надворешни работи се сретнал со амбасадорот на Русија во Скопје Сергеј Бездникин, а главна тема на разговорот, како што информираат од неговиот кабинет, била актуелната безбедносна состојба во Европа, со посебен фокус со случувањата во Украина.

-Порачав дека е потребна деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација. Нагласив дека членството на Северна Македонија во НАТО Алијансата е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 г., што придонесува за безбедноста не само на земјава, туку и на поширокиот регион. Посочив и на нашата улогата во рамки на ОБСЕ Триото, како и можностите од нашето идното претседавање со организацијата во 2023 година, порачал Османи, информираат од неговиот кабинет.