Министерството за одбрана на официјалната веб страна објави продажба на движни ствари – службени кучиња по пат на електронско јавно наддавање. На продажба се 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра.
Се продаваат осум германски и три белгиски овчари.
Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а објавувањето на огласот предизвика остри коментари во македонската јавност, бидејќи овие животни поминале низ комплетна обука.
Кучињата се наоѓаат во Центарот за обука и дресирање на кучиња во касарната „Ѓорче Петров“ и можат да се видат на 2 февруари од 12 до 13 часот. Аукцијата ќе се одржи во петок (11 февруари) со почеток во 11 часот.
Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои ќе уплатат 2 отсто од проценетата вредност на кучето за кое се заинтересирани.