Успешно пронајдени и спасувани планинарите од страна на Екипите за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување.
Денеска, 30.01.2022 година, околу 15:00 часот, Екипа за брз одговор за спасување од планина од Подрачното одделение за заштита и спасување Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување откако било пријавено дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово. Еден од планинарите бил повреден на кој му е извршено брзо интервирање на коленото. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон с. Вешале, информираат од ДЗС.