Подолг период селото Грчец има проблеми со струјата. Повеќе нема електрична енергија, отколку што има особено, сега во зимскиот период. Поради тоа, жител на селото пиша отворено писмо до одговорните лица во ЕВН. Како што вели тој, 20 години наназад состојбата е иста. Наместо струја, ЕВН им испорачува мрак, вели тој. Кога и да се јавел, добивал ист одговор, дека има дефект и дека се работи на негово санирање. Затоа жителот на Грчец прашува, каков е тој дефект кој 20 години неможе да се реши.

Еве го неговото писмо до ЕВН:

Господа,

Не оваа година, туку скоро 20 години по ред во с. Грчец се случува истото: наместо електрична енергија за која плаќаме, вие не снабдувате со мрак.

И веќе дваесет години по ред, откако по долгото чекање ќе се поврзуваме со вашите оператори, го добивам истиот одговор: дека станува збор за дефект на кој се работи за да биде отстранет.

Ве молам, може ли да ми одговорите каков е тој дефект којшто не може да го отсраните веќе 20 години по ред?

Понекогаш имам чувство дека со ваквата постапка сакате да не натерате да се иселиме од тука. Или дека го злоупотребувате нашиот „дефект„ што немаме граѓанска храброст да ви одговориме онака како што треба.

Бидејќи се чувствувам осрамотен и понижен, ова писмо нема да го потпишам со име и презиме туку со корисничкиот број под кој се водам во вашата компанија.

Кориснички број: 002069367