„Во нашиот устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од уставот и нормално доколку и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ“, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со неговиот колега Кири Петков во Софија.

Тој објасни и пред бугарските медиумите дека тоа е процес кој што поминува низ уставни измени, кој што има повеќе чекори во кои се вклучени повеќе институции.

„Доколку тоа се случи, а нормално дека такво нешто се случува на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвора уставот со цел и други адаптирања се направат. Тогаш низ тој процес секако дека ќе бидат опфатени и тие прашања врз основа на барањата на граѓаните“, изјави премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.