Актуелниот режим на СДСМ-ДУИ дефинитивно оди по стапките на Груевски и Мијалков. Идеологот на владејачката партија Лубомир Фрчковски (во емисијата “Во центар”) го обвини американскиот државен секретар Филип Рикер дека го спречил да биде именуван за амбасадор во Вашингтон. Овој скандал сериозно ја оштетува државата и нејзините граѓани и говори за пристапот на актуелниот режим, реагираат од Алијанса за Албанците.
Од оваа партија велат дека ваквите ставови на Фрчковски кон Западот и кон САД не ги изненадуваат, но сакаат да потсетат каков кадар се предлага за амбасадор од страна на актуелната Влада и МНР.
Ова е соопштението од Алијанса за Албанците.
Потсетуваме дека ваквите скандалозни обвинувања против американскиот висок дипломат доаѓаат во време кога американскиот претседател Џо Бајден и високи американски функционери најавуваат проширување на црната листа на корумпирани и криминализирани политичари и функционери од балканскиот регион, вклучително и Македонија. За да биде иронијата поголема, по одбивањето за амбасадор во САД, Бујар Османи ја предлага истата личност за амбасадор во Обединетите Нации!
Антиамериканските политики на актуелниот режим Заев-Ахмети-Мијалков-Фрчковски мора итно да се прекинат додека не биде доцна и не биде загрозена иднината на државата и нејзините граѓани.