Доколку Борис Георгиевски, поранешниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, е сигурен во своето домаќинско и чесно работење уште веднаш нека покрене тужба за изнесените информации, бидејќи податоците говорат сосема спротивно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За 103 дена да се реализираат налози во вредност од 11 милиони денари е практично и физички невозможно.

Податоците се евидентни да и обичен лаик воочи дека е невозможно за само 103 дена да се исцрпат 7 милиони денари за реконструкција на улично осветлување и уште 4 милиони за инсталација на 15тина нови линии за улично осветлување“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно го повикуваат актуелниот градоначалник на Гази Баба да направи ревизија и да формира комисија за да ја утврди фактичката состојба на терен, бидејќи според нивнитеи информации тврдат дека не соодветствуваат записниците за реализирани работи на терен со фактичката и актуелна состојба на терен, а за што е потпишано од надзорот.

„Еве ова е начинот на испумпување на парите на граѓаните. Цели 11 милиони денари. Воедно, граѓаните следните денови ќе дознаат и за други сомнителни договори што се склучувани од кадрите на СДСМ, секако на штета на граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.