Бизнисменот Орце Камчев нема да бара Зоран Милевски-Кичеец да му врати дел од неговите милион и пол евра од случајот „Рекет“. За оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд, објави Телма.
Но, тужбата останува. Камчев сѐ уште бара обештетување заради коруптивно однесување од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од Владата, Републичкото јавно обвинителство и распаднатото СЈО. Причините за тужба против двете обвинителства, од кои едното веќе не постои, ќе бидат познати на 14-ти февруари, кога се очекува стартот на судењето.
Како што е познато, парите во торбата „Луј Витон“, кои Камчев му ги дал на Боки 13, а подоцна беше и оформен предметот Рекет, откако бизнисменот сам пријавил, никогаш не се пронајдени.