Првиот вицепремиер Артан Груби за „Слободен печат“ вели дека за измена на Изборниот законик мора да има консензус. ДУИ се залага за укинување на техничката влада.

–Во однос на укинувањето на техничката влада, тоа е став на ДУИ уште од пред изборите затоа што е апсурдно членка на НАТО и земја со зелено светло за отпочнување на преговори за членство во ЕУ да има техничка влада за спроведување избори поради недовербата во институциите преку нефункционален систем којшто ја блокира владата. Тоа беше и дел од коалицискиот договор и нема ниту една последица по договорот за прв премиер Албанец затоа што не се взаемно зависни затоа што укинувањето на техничката влада и политички премиер со полни надлежности во последните 100 дена влада беше и останува дел од  договорот којшто гледаме дека го почитува и ВМРО-ДПМНЕ, но и парламентарните партии на Албанците ветија дека ќе гласаат за – вели првиот вицепремиер Артан Груби за „Сободен печат“.