Бројот на пациенти заразени со Ковид со тешка клиничка слика најверојатно нема да се намали поради ширењето на сојот „омикрон“, оцени денеска директорот на рускиот санитарен регулатор Александар Горелов.
Во моментов, се чини дека предизвикува поблага форма на болеста, но тоа е само илузија. Со оглед на размерите на пандемијата, не треба да очекуваме пад на бројот на сериозни случаи“, рече Горелов за руската агенција ТАСС, кој е директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија.
„Омикрон“, додава тој, е многу заразен бидејќи има висок афинитет за човечките рецептори за кои се врзува.
Како резултат на тоа, вирусното оптоварување рапидно расте и вирусот, објаснува тој, многу брзо се размножува.
Горелов додаде дека периодот на инкубација на „омикрон“ е пократок и изнесува три до пет дена.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.