Општинската организација на Демократската обнова на Македонија од Ѓорче Петров апелира до премиерот, Владата и до општината за изнаоѓање конечно решение за локацијата кај поранешната фабрика Купрум. Моменталната состојба на оваа локација преставува опасност за жителите кои се во непосредната близина и создава лош имиџ на општината и главниот град Скопје, соопшти ДОМ.

ДОМ смета дека на оваа локација може да се изгради студентски град, како иницијатива на здружението Културно ехо или создавање на нов парк на истата површина со кој на ѓорчепетровци и граѓаните на Скопје ќе им се овозможи ново огромно зеленило, катче за уживање, можност за намалување на загадувањето и звучноста, придонесувајќи за зачувување на животната средина.