Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 276 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително пријавени се уште 7 починати лица, кои починале во период од 8-ми до 14-ти јануари. Регистрирани сe 747 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 18.498.