Со нераспишување избори СДСМ ја опструира државата и ги продлабочува кризите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
4 кризи кои се реалност заради лошото владеење на СДСМ стануваат се потешки. Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за струја и за парно затоа што власта е неспособна и криминогена, од истата причина имаме и една од најголемите бројки на починати од КОВИД по глава на жители. СДСМ со години веќе не може да изнајде решение за кризите во кои ја втурна државата. Единствена опција се предвремени парламентарни избори, и формирање на нова влада која ќе ја стабилизира состојбата и државата ќе тргне напред. ЛДП, ДОМ и ДС со нивната пасивност се исто така причина зошто оваа влада успева да опстои и со мафијашки методи да владее. Затоа, нека ги стават државните пред партиските интереси и да одиме на избори со една изборна единица, што се впрочем и нивните барања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно во текот на денот лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски повторно побара предвремени парламентарни избори, а од владејачката СДСМ порачаа дека избори нема да има.