На подрачјето на Чаир од полициски службеници  од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 03.30 часот  непосредно после извршени кривични дела, бил лишен од слобода М.Ф.(31) од Скопје, со што од страна на Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Чаир се расчистени неколку кривични дела.

– Приведениот се сомничи дека извршил една „тешка кражба“ од сендвичарница, при што одзел пари и две кривични дела „тешка кражба“ во обид, како и две кривични дела „оштетување на туѓи предмети“, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе следи кривична пријава.