Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ се огласи по писмен пат, каде побара да се одложи почетокот на второто полугодие за две недели.
-Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието. Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме продолжување на зимскиот распуст за две недели. Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, Комисијата за заразни болести одржала состанок денеска, но според неофицијалните информации, до Владата не предложила никакво продолжување на зимскиот распуст, па така учениците на 20-ти јануари треба да почнат со второто полугодие.