Досегашниот министер за здравство Венко Филипче му ја предаде функцијата на неговиот наследник Беким Сали од Алтернатива, кој на локалните избори беше кандидат за градоначалник на Чаир но загуби од Висар Ганиу од ДУИ. Беким Сали инаку стоматолог и има своја приватна ординација.

-Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите, порача Филипче.