Иако се смета дека паровите кои спијат одделно се разделуваат, науката го докажа спротивното.
Благодарение на бројните студии, научниците дошле до заклучок дека спиењето во одделни кревети, па дури и простории, може да има корисен ефект врз односот помеѓу партнерите.
Покрај тоа, одделниот сон влијае на комуникацијата, како и на навиките во текот на денот.
Досегашните истражувања покажаа дека само 14% од паровите спијат во посебни кревети.
Иако ви звучи неверојатно дека спиењето во одделни кревети, како и соби, може да влијае на интимноста, постојат научни објаснувања зошто е тоа така.
Утринска нервоза
Истражувањето вели дека делењето кревет со партнер кој има лоша ноќ го скратува спиењето за еден час секоја вечер. Следниот ден, лошите ноќи резултираат со конфликт.
Меѓутоа, ако се разбудите одморени, тогаш нема да има проблеми или конфликти.
Истражувањето исто така вели дека одделното спиење води кон подобар и поквалитетен сон, подобро утринско расположение и намален стрес при будење.
Лош сон
Рчењето, вртењето по креветот, туркањето, местењето и слични работи што се случуваат во текот на ноќта може да ве иритираат и да ви го нарушат спиењето. Затоа, наутро, прво ќе го обвините вашиот партнер дека не спие добро, а тоа може да биде деструктивно за врската.
Затоа првенствено паровите одлучуваат да се разделат преку ноќта, со цел да се одморат.
Кога не спиете во текот на ноќта поради вашиот партнер, постои внатрешно незадоволство, што може да ги загрози другите аспекти на вашата врска, па експертите ве советуваат да спиете во одделни кревети, а наутро да пиете кафе со вашиот партнер и убаво да го започнете денот.
Различни навики за време на спиењето
Најголемите разлики со кои се бориме во кревет се навики како гледање телевизија, спуштање на ролетни или крадење јоргани. Овие работи се решаваат, но ако не може да се најде компромис, поудобно е да го најдете вашиот мир, во посебни кревети и соби.
Можеби е тешко првите неколку дена, затоа што не сте навикнати, но вистината е дека со текот на времето ќе се чувствувате многу подобро, ќе бидете поодморени и ќе сакате да поминете некои дополнителни моменти со вашиот партнер наутро.
Исто така, ако вашиот партнер спие, не е фер да ја гледате најновата епизода од серијата или филмот што го започнавте. Меѓутоа, ако го направите тоа во друга просторија, сè ќе биде добро, и нема да вознемирувате никого.
Ќе можете да ги практикувате своите навики пред спиење, како медитација, или читање книга, без да се чувствувате виновни или лути.