Високи претставници на Светската здравствена организација повикаа никој да не треба да биде ограничен во своето слободно движење само затоа што не е вакциниран против корона вирусот. Директорката за имунизација на СЗО Кетрин О’Брајан и извршниот директор Мајкл Рајан изјавија дека е важно на граѓаните да им се објасни важноста на вакцинацијата пред таа да стане задолжителна.
„СЗО не ја прави вакцинацијата задолжителна и нема препорака од нас дека вакцинацијата треба да биде задолжителна и да биде предуслов за меѓународно патување, иако секогаш треба да се почитува вакциналниот статус на секој поединец. Бесплатен, безбеден и ефикасен систем за вакцинација е апсолутен приоритет пред задолжителната вакцинација, но исто така мора да се заснова на основни принципи“, изјави Кетрин О’Брајан, претставник на СЗО.
„Задолжителната вакцинација ја гледаме како последно средство во случај на големи пандемии. Мора да се дефинира важноста на вакцинацијата, да се едуцираат и да се зборува со оние кои се сомневаат, за да се разјаснат можните дилеми…“, рече Мајкл Рајан, претставник на СЗО.
Европската комисија на 16 декември донесе прописи со кои третата доза станува предуслов за влез на територијата на ЕУ. Иако ова се однесува на лица кај кои поминале 9 месеци од примањето на втората доза, се очекува одлуката да стапи во сила од 1 февруари. Карантинот останува во сила за оние кои не примиле трета доза. АЛСАТ испрати прашања до ЕК дали можеби се размислува да се укине оваа регулатива, по изјавата на претставниците на СЗО и каков е нивниот коментар за ставот на СЗО, но одговор не добивме.
Вјолца Алити