Со средства обезбедени од ТАВ програмата напролет ќе почне реновирање на поранешната Команда на гарнизонот Кичево во нова општинска зграда ќе и до крајот на годинава ќе биде  целосно реконструирана  и предадена во употреба, најави денеска портпаролот на општина Кичево Емин Насуфи.

Пред пет- шест години Министерството за образование и наука, поранешната зграда на Командата на гарнизонот во Кичево, во трајно владение и ја отстапи на општина Кичево, по што имаше најави дека општинската зграда наскоро ќе се реновира и оспособи, по што сите служби кои се дел од локалната самоуправа ќе бидат ставени под еден покрив.

-Со средства во износ од 1 250 000 евра од ТАВ програмата, комплетно ќе биде реновирана поранешната зграда на Командата на гарнизонот Кичево и истата во иднина ќе ги собере под еден покрив сите служби што се дел од локалната самоуправа а кои моментално користат  простории во неколку објекти во градот.На тендерот објавен за реновирање на оваа зграда, најповолната понуда ја имаше компанијата„ Ас Сењак “од Кичево и сега течат роковите за приговори, по што ќе започнат долго очекуваните градежни работи на овој објект, најави Насуфи.

Тој појасни дека претходните неколку години со средства во износ од 80 000 евра,  30000 евра за врати и прозорци и 50000 евра за енергетска фазада обезбедени од Центарот за развој на југозападниот плански регион, беа сменети прозорците и вратите и поставени нови термопан енергетски прозорци а беа започнати и работите на поставување на нова енергетска фасада, која во еден дел беше завршена, но поради забот на времето во одредени делови истата почна да распаѓа.