Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 477, Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16, Штип, Тетово и Кочани – по 14, Струмица – 9, Радовиш – 8, Валандово – 7, Кичево и Ресен – по 6, Неготино – 5, Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе – по 4, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Направени се 6.173 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–34, ЦЈЗ Куманово-110, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–194, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-322, Биотек-338, Систина-136, лабораторија Лаор-214, Синлаб-67, Ремедика-19, Плодност-108, Генеа-38, Никоб Лаб-681, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-45, Рапид Лаб–34, Жан Митрев Струмица–25, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.814.
Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.