ИАКО се смета за „поблага“ варијанта на вирусот, нова корона мутација која се заканува да ја покори планетата и која според светските експерти ќе зарази повеќе од 50. отсто од Европа за две недели претставува посебна опасност за една група на луѓе.
Се разбира, станува збор за невакцинираните.
На самиот почеток на појавата на оваа мутација е забележано дека најдобрата заштита од овој вид, за кој веднаш беше утврдено дека е полесен и побрз за пренесување, не дава „природниот имунитет“, односно оној предизвикан од прележувањето на ковид. Имате најголеми шанси да избегнете да бидете инфицирани со омикрон ако сте „целосно вакцинирани“, што значи дека сте примиле и бустер доза. И, секако, бидете внимателни, што значи носење маска и држење на дистанца.
Вирологот и таканаречениот експерт за корона вирусот д-р Роберт Квигли открил на кои симптоми на омикрон треба да обрнеме посебно внимание, односно кои се вистинска причина за загриженост доколку не сме вакцинирани.
Прво, тој нагласи дека не постои симптом на омикрон што треба да биде особено загрижувачки доколку некое лице е вакцинирано.
Омикрон е главна причина за загриженост доколку не сте биле вакцинирани. Оние кои ја примиле вакцината не треба да се грижат за некои посебни симптоми – вели д-р Квигли.
Од друга страна, ситуацијата е поинаква за оние кои не ја примиле вакцината.
Сепак, оние кои не биле вакцинирани имаат поголема веројатност да имаат треска од оние што биле вакцинирани, а поради синдромот на респираторен дистрес, тие имаат значително повисока стапка на хоспитализација, вели тој.
Претходно, претставниците на СЗО наведоа специфични симптоми на кои треба да се обрне внимание, бидејќи тие обично доведуваат до хоспитализација. Во зависност од возраста на лицето, симптомите може да се манифестираат поинаку. Пациентот може да изгледа дехидрирано, да има отежнато дишење или болка во градите. Тие исто така може да се жалат на вртоглавица и гадење, кои неодамна се нарекуваат сè почести „тивки“ симптоми на омикрон.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.