Откако ќе се прележи корона вирусот и ќе се консумираат голем број лекови, потребно е природно да се исчисти целиот организам …

Чистењето или детоксикацијата на организмот е задолжителен процес кој мораме да си го дозволиме на нашиот организам за да го зајакнеме имунитетот и да ги исфрлиме сите токсини од организмот. Токму поради овие причини треба да го детоксицирате телото и да ги исчистите белите дробови и црниот дроб со природни препарати и храна.

Ѓумбир

Богат е со витамини Ц и Б, магнезиум, бакар, манган и други минерали. Благодарение на високите концентрации на џинџерол, овој егзотичен зачин придонесува за детоксикација на организмот. Неговите дигестивни ензими помагаат да се отстранат акумулираните токсини во црниот дроб. Исто така, докажано е дека ѓумбирот благотворно делува на разни оштетувања на црниот дроб, особено на „замастен црн дроб“, бидејќи ја намалува отпорноста на инсулин и може да спречи воспаление.

Ѓумбирот исто така го стимулира варењето и циркулацијата на крвта, а со тоа придонесува за детоксикација на организмот. Ѓумбирот позитивно влијае и на белите дробови бидејќи ги елиминира загадувачите од воздухот кои стигнуваат до нивните канали.

Куркума

Куркуминот има силни антиоксидантни, антиинфламаторни, антивирусни, антибактериски, антигабични и антиканцерогени својства. Куркумата го стимулира производството на жолчка во црниот дроб, што го помага варењето и го олеснува разградувањето на мастите во телото. Кај луѓето кои страдаат од замастен црн дроб, куркумата ја намалува воспалителната состојба на клетките на црниот дроб.

Истражувањата покажуваат дека куркуминот помага да се отстрани притисокот од белите дробови предизвикан од долгорочно пушење, со што се намалува ризикот од рак на белите дробови. Дополнително, докажано е дека во комбинација со карфиолот спречува рак на простата и го запира растот на канцерогените клетки, спречува рак на дојка и меланом, го намалува ризикот од детска леукемија и се смета за природно средство за чистење на црниот дроб.

Лук

Благодарение на богатството од сулфур, алицин и селен, лукот го стимулира производството на важни ензими на црниот дроб кои придонесуваат за елиминација на токсините од телото. Оваа храна има и антиинфламаторно дејство, па помага при астма, а истовремено го намалува ризикот од рак на белите дробови.

Дополнително, употребата на лук го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања, со намалување на покачениот холестерол, го намалува зголемениот LDL – лошиот холестерол, ја намалува адхезијата на крвните клетки и спречува згрутчување на крвта, го намалува зголемениот крвен притисок. Исто така, намалува два други маркери на кардиоваскуларни болести, хомоцистеин и Ц-реактивен протеин.