Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов вели дека новиот претседател на Владата Кирил Петков нема да има многу можности во однос на ситуацијата помеѓу Северна Македонија и Бугарија во однос на преговорите и ветото.

,Договорот за добрососедство со Република Северна Македонија е толку прецизен и јасен во секоја област што едноставно треба да се спроведе од двете страни. Советодавниот совет за национална безбедност (НСС) беше непотребен, тој само го покажа тоталниот хаос во којшто се наоѓа државата. Порано ние имавме огромна желба Бугарија да им помогне на нашите соседи. Вчера претседателот Радев му одзеде секаква можност за маневар на премиерот Кирил Петков“, рече Борисов.