Претседателот на државата Стево Пендаровски изрази длабоко сочувство до семејството на ненадејно починатиот македонски војник кој беше во мировна мисија на КФОР во Косово.
Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија. Вечен спомен, нека почива во мир, порача Пендаровски.
44-годишниот војник починал ненадејно вчера во Приштина откако му се слошило. Според првичните информации станува збор за срцев удар.






















