Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на сите православни верници им го честита Божиќ.

Во пораката упатена до верниците од православна вероисповед, им посакува среќен празник на сите верници и нивните семејства.

„На сите православни верници им го честитам Божиќ, со најискрени желби за среќен празник во нивното семејството, проследен со здравје и среќа.

Надежта за Божиќ и верата во Бога заедно со семејната хармонија која владее, денес продолжуваат да се одразуваат во нашиот секојдневен живот.

За многу години празникот, посакувам секогаш да славите заедно во општествен просперитет и примерен соживот, стои во неговата честитка.