Скопје утрово се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот. Показателот за штетните ПМ10 честички во главниот град утрово изнесуваше 194, а попладне се спушти на 154, со што главниот град на нашата земја продолжи да биде на листата на 10 најзагадени земји во светот. Податоците од мерните станици за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека Скопје и Кавадарци денеска се најзагадени градови во земјава. Воздухот во Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево е со висок степен на загаденост, а во Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес со умерено загаден воздух.