Грчката телевизија Опен објави видео-сторија за казино во Дојран кое наводно издава фалсификувани ковид-сертификати. Во емитуваниот прилог на телевизијата во сопственост на контроверзниот грчко-руски бизнисмен Иван Савидис се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат бебзбедно да се вратат во Грција.

Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли.