Шефот на државата Стево Пендаровски денеска во Вила Водно му го предаде мандатот за состав на нова Влада на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ваквото предавање на мандатот следува откако претходниот претседател на партијата и премиер, Зоран Заев си поднесе оставка од двете функции поради лошите резултати на локалните избори.

Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Заев, со што започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада.