Брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци, вели микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

Според него нема да се појави друг сој што ќе се шири со ваква брзина.

Многу повеќе луѓе ќе бидат во контакт со него и за 6 месеци омикрон ќе го сврти целиот свет. Не верувам дека повторно ќе има сој кој ќе биде со ваква голема брзина. Исто така сметам дека 99% од пациентите ќе го поминат полесно. Останува енигмата само колку ќе биде вирулентен, вели Пановски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.