„Пред се верувам дека како СДСМ ќе имаме пристап на чесност, транспартентност и отчетност со ефективно завршување на задачите, а преку новиот систем на комисии партијата ќе се отвори кон јавноста“, рече новиот потпретседател на СДСМ Стефан Богоев во гостувањето во вестите на Тв24.

„Совет за креирање на политики под раководство на Игор Ивановски и многу други комисии ќе работат за да се привлече стручен кадар кој е во партијата или надвор од неа, а планираме и теренско активирање во сите градови, села и општините“, додава тој.