Димитар Ковачевски откако ќе стане премиер ќе го покани својот бугарски колега, Кирил Петков, да ја посети РС Македонија. Новиот лидер на СДСМ утрово ова и го соопштил на американската амбсадорка, Кејт Мери Брнз, повторувајќи го ставот дека е потребно да се најде взаемно прифатливо решение со Бугарија за да се симне ветото за старт на преговорите со ЕУ, пренесува ТВ Телма. Според Ковачевски, потребно е да се направи план за отстранување на блокадата.

„За нас е најважно да направиме план, заедно со бугарската влада, за отстранување на блокадата час поскоро, секако со заедничко прифатливо решение. Ние треба да останеме посветени и ангажирани во разговорите со искрен пристап. Ако ист таков пристап има и новата бугарска влада, верувам дека е можно да изнајдеме компромис за отворените прашања“, рекол Ковачевски.