Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје, осомничен дека во текот на денов извршил четири кривични дела „тешка кражба“.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека кражбите биле извршени во аптека и во три продажни објекти на улиците „Орце Николов“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и на Плоштад „Македонија“, од кои едната била во обид. Одзел разни предмети и пари.

-Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавуваат од МВР