Епидемилогот Драган Даниловски вечерва во вестите на ТВ Сител рече дека вирусната варијанта омикрон на коронавирусот се шири четирипати полесно, како и дека со тоа се демантирани претходните дезинформации околу новиот сој.

– Кога се појави на крјаот на ноември, сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 6о мутации. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен. Тој е четирипати позаразен е и помалку опасен. 80 пати е помала веројатноста да завршите во болница. Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус, рече д-р Даниловски.

Тој додава дека ваквите информации не значат дека сите треба да се опуштат. Постарите граѓани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза. Данаиловски додава дека кон крајот на април следната година би требало да се очекува крај на пандемијта.