Многумина го обожаваат овој италијански специјалитет

На многумина им се допаѓа ова италијанско јадење, но и избегнуваат да го подготвуваат бидејќи бара трпение и подготовка на бешамел сос, што за некои домаќинки е губење време. Сепак, и за тоа има решение – ви носиме рецепт за лазањи со пилешко кои лесно ќе ги подготвите, а се повкусни и посочни од оние направени по веќе познати рецепти.

Состојки:

1 пакување кори за лазањи кои не се арат

300 гр полешко бело месо

300 мл неутрална павлака

200 мл кисела павлака

2 моркови

200 гр кашкавал

Сол, вегета

100 мл кечап

Масло

Подготовка:

Пилешкото исечкајте го на коцки, изрендајте го морковот и зачинете по вкус. Зачинетото пилешко пропржете го на масло пет минути.

Потоа прелијте го со 200 мл неутрална павлака измешана со кисела павлака и оставете да се крчка додека не се згусне. Остатокот од неутралната павлака оставете го за подоцна.

Правоаголен огноотпорен сад премачкајте со масло и наредете го првиот ред лазањи.

Над кората се става филот со пилешко и павлака, се прелева со малку кечап и се повторува процесот додека не го потрошите целиот материјал. Одозгора прелијте го остатокот од неутралната павлака и обилно посипете со рендан кашкавал, а по желба додадете малку кечап.

Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 45 минути во загреана рерна на 200 степени. Потоа извадете ја фолијата и печете уште пет минути за да се запече коричка. Послужете топло.