Речиси два месеци после изборот, градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажува неспособност и носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје, велат од СДСМ.

„СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции, велат од владејачката партија.

Од „Бихаќка“ бараат предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ да биде повлечен.

-Актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми. МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура. Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат, велат од СДСМ.