Утре е можно Судскиот совет да одржи седница за одлуката на Апелацискиот суд да ја прифати гаранцијата на Сашо Мијалков во висина од 11 милиони евра и тој да се брани од слобода, јавува Телма.

Од Судскиот совет велат дека поголем број членови денеска имале службени обврски, и не биле во можност да дебатираат за ослободувањето од  притвор на Мијалков.

Адвокатите на Сашо Мијалков сметаат дека е срамно тоа што судскиот совет наместо да биде гаранција за самостојноста на судството, постапува како што посакува извршната власт. Тие го обвинија судскиот совет дека ги заплашува судиите кои донеле одлука која  е во склад на сите препораки на Советот на Европа и судот во Стразбур.