Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 515 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година.  Бројот на активни случаи во моментов изнесува 5.182.