Ќе го свикам Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за Република Северна Македонија  во првата половина на јануари, изјави претседателот Румен Радев за новинарите по официјалната церемонија за избор на ЦИК, пишува  БГНЕС.

-Важно е да се има став во ова највисоко политичко тело. Треба да го забрзаме процесот на европска интеграција на РС Македонија, но со почитување на националниот интерес. Важно е да се разбере дека правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во јавниот, политичкиот, културниот живот на земјата е прашање од големо значење за Бугарија. Не еднаш сум повикал да престане говорот на омраза, нагласи  Радев.