Првите бесплатни руски вакцини „Спутник V“ најверојатно ќе бидат испорачани во африканските земји, изјави за телевизијата „Русија 1“ директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.
„Првите серии може да се испратат во африканските земји, каде во моментов има голема епидемија на „омикрон““, рече Дмитриев.
Според него, можно е испораката да биде бесплатна.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва е подготвена да го нуди „Спутник Лајт“ на други земји како „бустер“ вакцина.
Тој изјави дека со премиерот Михаил Мишустин ќе разговара за потенцијалната бесплатна испорака на овој препарат во некои земји.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.