Со заминувањето на медицинскиот персонал, многу здравствени установи останаа без доволно кадар. Според статистиките, во земјава имаме 270 лекари на 100 илјади жители, што е за 22% помалку од европскиот просек, пишува ТВ 21.

Во последните 10 години, секоја година си заминувале околу 200 лекари, број кој е еднаков со годишниот просек на студентите кои завршуваат студии по медицина, што значи дека – колку нови лекари дипломираат, толку лекари ја напуштаат земјава на годишно ниво. „Бегањето“ на лекарите на Запад, заминувањето на лекарите од помал град на клиниките во Скопје, како и приклучувањето на лекарите во политика, придонесе да се затворат бројни одделенија низ болниците. Неодамна во Охрид се затвори Одделот за педијатрија, поради недостиг на педијатри.

Целиот напис прочитајте го овде.