На 17.12.2021 околу 22.50 часот на патот од с.Шишево кон с.Грчец, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавно претпријатие „Државни патишта” – Скопје.

На 15.12.2021 во 16.10 часот Б.Т.(56) пријавил дека автомобилот бил одземен на ул.„Ѓорче Петров, откако бил оставен паркиран со клучот во бравата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.