Од најголемата албанска партија ДУИ, во реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ21 велат дека доколку ДПМНЕ ги добие изборите и предложи Албанец за премиер ДУИ ќе ги поддржи.

„Ако добиете на избори предложете премиер Албанец, ќе ве поддржиме, велат од ДУИ за ТВ21.

Инаку, синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ21, одговарајќи на прашањето дали разговарале со Ахмети во техничката Влада, последните 100 дена премиер да биде Албанец, Мицкоски одговори со контра прашање зошто ДУИ да не поддржи кандидат Албанец кој би го предложил ВМРО-ДПМНЕ.