Новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска излезе на терен. Подолго време ја немаше, а денеска се пофали на социјалните мрежи дека почнале со нивелирањето на шахтите.

-Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото. Денеска бев на проверка на работите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов каде се поставуваат самонивелирачки шахти.

Ова беше еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од мојот мандат, вели Арсовска.