Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето во Да си кажеме на Утринската на Телма, на прашањето дали би прифатил нова позиција во партијата или во централната власт доколку тоа му биде понудено од страна на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и иден мандатар на Владата, смета дека најпрво Ковачевски мора да се огради од претходните ставови на раководството на партијата.
-Јас не делувам за да добијам јавна или политичка функција туку делувам во интерес на граѓаните и државата. Мојот политички интерес е многу поголем во однос на државниот и јавниот интерес отколку на политички позиции. Ќе чекам да има оградување на сите претходни ставови на партијата. Ние не можеме да манипулираме со граѓаните. Мора да бидеме искрени со грѓаните, и да им објасниме зошто нашата држава 30 години стагнира во исто место, а политичките партии играат пинг-понг со проблемите на лева и десна страна, изјави Димитриевски.