Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.

Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент.

Покрај Стаменов, Тина Мицковска која досега беше задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје, од денеска е заменичка на новиот директор на ЗОО.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата.