Новинарот и аналитичар Насер Селмани во емисијата 24 анализа смета дека нема да има промена по изборот и реизборот на лидери на двете најголеми политички партии кои и не си честитаа меѓусебе.

– Нека си се борат за интересите кои ги застапуваат, но сега и двете страни се еуфорични во најавите дека ги чекаат важни случувања. По резиборот на Мицкоски, очекуваат дека побрзо ќе издејствуваат вонредни избори, но не треба да се потценат и најавите на Ковачевски. Треба да му се даде шанса. Тој ќе може  да ги прими нападите од опозицијата и да и ги расипе плановите за брзи избори. – рече Селмани.