-Секогаш сум се воздржувал од коментар на изјавите на Митко Јанчев во минатото кога критикувал и кога пројавувал амбиција. Ривалство помеѓу нас никогаш не постоело! Само така можеме да бидеме подобри! Се додека Митко Јанчев е добар градоначалник за кавадарчани, ќе ја има мојата поддршка –изјави Мицкоски за Фокус.

Тој беше реизбран за лидер на партијата со 489 гласа од делегатите, а околу тоа како реагира неговото семејство, со оглед на одговорноста која ја носи функцијата, но и времето и енергијата кои треба да ги вложи во истата, вели дека емоциите се помешани.