Кога го гледам ВМРО-ДПМНЕ проблемот на таа партија е што политичката елита има дополнителна одговорност, конзервативно и прилично авторитарно. Конзервативно во традиционалистичка смисла, влече кон изолираност на Македонија, често анти – западно. Им посакувам да направат нормална десничарска партија. Заев заминува затоа што тоа е негова проценка, одигра една од клучните улоги, тоа време, таа мала епоха ќе биде забележана со разрешување на прашања кои беа алиби за политичката мрзеливост. Тој тип на алиби со завршувањето на приказната со Бугарија ќе престане, ќе се соочиме со самите нас – не бива или не. Му завршува успешно (на Заев) една политичка етапа која не внесе од консолидација кон модерен пат на македонската држава и политика“ – вели Љубомир Фрчкоски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.