За 10 денари ќе се намалат цените за паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска доставила допис до раководството на претпријатието да се изготви нов ценовник со намалување за 25 отсто на цените за паркирање. Како што стои во дописот, намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг, пишува СДК.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека дал налог на службите да изготват нов ценовник и до крајот на неделава ќе биде закажана седница на Управниот одбор, на која треба да биде усвоен новиот ценовник.