Заев направи големи работи кои остануваат како голем бенефит за државата. Оттука, кај голем број членови има жалење што тој си заминува. Но, од тоа што јас разговарав со него, тој вели дека постојано ќе биде тука на располагање иако нема да се меша во кадровската и другите политики на партијата, вели Стефан Богоев, член на ИО на СДСМ, претходен градоначалник на Карпош, во Утрински Брифинг.

Тој смета дека опозицијата може да помогне со тоа што ќе бидат критички и конструктивни во Собранието.

-Нашиот став е јасен. Во делот на здравствената и енергетската криза, во една ваква ситуација со Бугарија, не треба да се занемарат поради партиски интерес. Владата доби мандат лани, мнозинството е зголемено и јасно е дека ќе имаме стабилна влада. За време на избори во државата сѐ застанува, сите се свртуваат кон изборите и ќе биде неизвесен резултатот и ќе се изгуби време. ВМРО ДПМНЕ може да помогнат со тоа што ќе бидат критички и конструктивни во Собранието, вели Богоев.